Денеска, 1ви Април, еден од најомилените денови на децата, ден кој е
препознатлив по насмеаните детски лица, маскирањето, шегата и среќата. Ова е
можност децата својата фантазија за поубав свет, кој го градат заедно со своите
родители да ја преточат во реалност. Нашите наставнички, ученици и родители беа
вредни и тоа беше прикажано со дефиле низ с. Подмочани, с. Асамати, с. Горна
Бела Црква и с. Долна Бела Црква.