Blog

Aктивност- постер посветен на Рамазан Бајрам

Со голема радост и креативност, учениците од петто одделение од ПУ с. Горна Бела Црква на часот по македонски јазик за учениците од другите заедници изработија постер посветен на Рамазан Бајрам. Преку оваа активност тие не само што ги развиваа своите јазични и уметнички вештини, туку и учеа за значењето на празникот, традициите и вредностите што ги носи.
Овој проект беше одлична можност да разговараме за почитувањето на различните култури, верувања и обичаи. Учениците покажаа дека преку разбирање, толеранција и прифаќање можеме да изградиме подобро и посреќно општество.
Нека ни биде ова потсетник дека различностите нè збогатуваат, а почитта и љубезноста нè поврзуваат! 🌙✨