За нас

Мисија

Мисијата во основа ја отсликува сегашната состојба на училиштето кое претставува јавна воспитно – образовна установа, која со својата дејност го поттикнува индивидуалниот напредок и развој на учениците. Тоа е всушност установа каде вработените и учениците ќе се чувствуваат исполнети и задоволни од постигнатите резултати во воспитно- образовниот процес.

Мисијата ги нагласува целите и приоритетите во работата на училиштето а ги содржи нашите вредности, верувања, очекувања и интереси.

352

ученици

120

наставници

17

награди

34

години постоење

ЗА НАС

ОУ „Славејко Арсов“ е воспитно образовна институција лоцирано во с. Подмочани на источниот дел на територијата на Општината Ресен.Селото Подмочани е распослано на десетина километри на патот кој што води од Ресен за Долно Дупени . 

Составен дел на ОУ „Славејко Арсов“ се и трите подрачни училишта во с. Долна Бела Црква, с. Горна Бела Црква и с. Асамати во кои се изведува настава од прво до петто одделение во комбинирани паралелки.

Почуствувајте ја вредноста на знаењата”

мото