Нашето училиште по повод на Нова година на 21 декември 2020 год доби 23 пакетчиња од Здружението за граѓанска иницјатива од културата Жар Преспа Ресен. Проектот ,, Жарчињата изработуваат и од срце подаруваат” Донесе многу радост кај децата од социјано загрозени семејства и деца со еден родител.
Благодарност до Жар Преспа Ресен, успешна работа во Новата година.
На 29.12.2020 год во ОУ,, Славејко Арсов” с.Подмочани како и ПУ.с.Горна Бела Црква, ПУ.с. Долна Бела Црква и ПУ.с.Асамати пристигна Дедо Мраз-,, Донирај насмевка” под покровителство на Општина Ресен, подари новогодишни пакетчиња. Подари многу радост и насмевка на 45 ученици од одделенска настава. Ти благодариме Дедо мраз и посакуваме Новата година да биде по радосна, повесела и поуспешна.

