Почитуван и драг колега Камбер! Отсекогаш сте биле личност која била целосно посветена на работата, секогаш сте биле перфекционист и сте ја сакале својата работа. Многу е убаво кога некое лице ја работи својата работа максимално добро и квалитетно и кога на некој начин ги остава срцето и душата на таа работа. Заради сето тоа, ќе бидете запаметени како најдобриот работник кој дал сè заради својата работа, и заради сето тоа, заслужувате голема почит.Нека Ви е среќна и долготрајна пензијата. Искрено Ви посакуваме здрави, среќни и мирни пензионерски денови!

