Blog

Спроведена обука за заштита и самозаштита во случај на катастрофи за персонал

Во рамките на програмските активности на програмата за подготвеност и дејствување во случај на катастрофи, на 27.01.2021 година, со вработените од   ОУ „Славејко Арсов“-с.Подмочани,преку апликацијата Microsoft teams–се одржа едукативна работилница за Заштита и самозаштита во случај на катастрофи.

На работилницата присуствуваа 20 наставници  од училиштето. На работилницата се разработуваа теми од областа на заштита и самозаштита во случај на катастрофа,  како и чекорите кои треба да се преземат пред, за време и после катастрофата со цел поголема безбедност на учениците.

На наставниците, од страна на волонтерите на Црвен крст,им беа презентирани  и едукативни материјали  и едукативни видеа (земјотрес, студен бран, топлотен бран) со цел стекнатото знаење да можат да го применат и да го дисeминираат на учениците и родителите.