Blog

Активности за Нова година

Нашето училиште по повод на Нова година на 21 декември 2020 год доби 23 пакетчиња од Здружението за граѓанска иницјатива од културата Жар Преспа Ресен. Проектот ,, Жарчињата изработуваат и од срце подаруваат”  Донесе многу радост кај децата од социјано загрозени семејства и деца со еден родител.

Благодарност до Жар Преспа Ресен, успешна работа во Новата година.

 

На 29.12.2020 год во ОУ,, Славејко Арсов” с.Подмочани како и ПУ.с.Горна Бела Црква, ПУ.с. Долна Бела Црква и ПУ.с.Асамати пристигна Дедо Мраз-,, Донирај насмевка” под покровителство на Општина Ресен, подари новогодишни пакетчиња. Подари многу радост и насмевка на 45 ученици од одделенска настава. Ти благодариме Дедо мраз и посакуваме Новата година да биде по радосна, повесела и поуспешна.