admin

Хуманитарен базар по повод Thanksgiving 🧡

Хуманитарен базар по повод Thanksgiving Учениците од нашето училиште во петокот организираа хуманитарен базар по повод Thanksgiving, под иницијатива на наставниците по англиски јазик. Благодарение на големата хуманост и ангажираност на учениците, наставниците и родителите, беа собрани парични средства кои денес беа донирани во Дневниот центар за деца со посебни…

30 Ноември – Меѓународен ден на компјутерската безбедност

30 Ноември – Меѓународен ден на компјутерската безбедност По повод одбележувањето на овој ден, под раководство на наставничката Амиде Хоџа, учениците од VII/1 и VII/2 одд при ООУ „Славејко Арсов“ –с. Подмочани заедно реализираа сеопфатна презентација – активност подготвени од самите ученици, и на македонски и на албански јазик. Учениците…

Денот на албанската азбука! Dita e Alfabetit Shqip!

Денес во нашето училиште беше одбележан Денот на албанската азбука! Учениците преку песни, кратки драми и рецитали ја претставија историјата и значењето на албанската азбука. Со многу труд, енергија и креативност го прославивме богатството на албанската култура. Горди сме што во нашето училиште негуваме почит, различност и заедништво. Sot në…

Денот на младиот борец Косте Кусаковски.

Денеска во нашето училиште го одбележавме Денот на младиот борец Косте Кусаковски. Со гордост се потсетивме на неговото херојство и придонес за слободата, поттикнувајќи ги учениците да ги негуваат вистинските вредности и љубовта кон татковината.

Активности по Прва помош 🩹🚑

Во рамките на изборниот едукативен предмет Прва помош под раководство на наставничката Амиде Хоџа, учениците од одделението VIII/2 при ООУ „Славејко Арсов“ – Подмочани реализираа сеопфатна презентација и практични вежби за Црвениот крст и Првата помош. Тие ја претставија историјата на организацијата, основните хуманитарни принципи и важноста од познавање на…

Куклена претстава: „Зајко Трајко и итриот лисец“ 🦊🐇

Куклена претстава: „Зајко Трајко и итриот лисец“ Учениците ја оживеаја приказната за Зајко Трајко и лисецот со многу креативност и насмевки. Со песни, смеа и креативна игра, учениците ја направија сцената живописна и забавна за сите. Përdorim teatrin me kukulla: „Lepuri Trajko dhe dhelpra e zgjuar“ Nxënësit e sollën në…

Смена на улоги наставник – ученик 👩‍🏫

Смена на улоги наставник – ученик Денес во нашето училиште учениците и наставниците ги заменија своите улоги! Учениците станаа наставници и со многу креативност ги водеа часовите, додека наставниците со насмевка беа во улога на ученици. Активноста донесе смеа, дружење и ново искуство за сите! Ndërrimi i roleve mësues –…

Денот на гладта, во ООУ “Славејко Арсов” – с. Подмочани,

По повод на денот на гладта, во ОУ “Славејко Арсов” – с. Подмочани, организирана е собирна акција од страна на младите. За време на акцијата, собрани се: 250кг храна 100кг производи за хигиена Вкупно во вредност од 30000 денари. Поделени се 13 пакети за 13 корисници.

Активности по Прва помош 🩹🚑

Активности по Прва помош Денес учениците од VIII-1 одделение реализираа едукативни активности на тема „Прва помош“. Учениците се запознаа со вовед во прва помош, видови повреди и техники на правилна преврска. Преку практични вежби и демонстрации, тие научија како правилно да реагираат во итни ситуации и да помогнат кога е…