ДЕТСКА НЕДЕЛА ✓Имам право на име-имам право на своја буква!!! ✓Учиме печатни букви ✓„Малите рачиња создадоа големи букви! Со шарени цевчиња, љубов и многу насмевки, нашите ученици ја направија првата буква од своето име – симбол на нивната уникатност и детска имагинација. “
Учениците од ООУ „Славејко Арсов“ – Подмочани вчера со пригодна приредба го одбележаа државниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ. Со песна и рецитации, учениците ја изразија својата љубов и почит кон татковината и кон хероите кои се бореле за слободна Македонија. Честит 11 Октомври!…
Учениците од одделенската настава при ООУ „Славејко Арсов“ – Подмочани, заедно со своите наставнички и родители, активно учествуваа и на овогодинешниот Преспански јаболкобер. Со многу љубов и креативност беа подготвени домашни производи кои ги претставија трудот, традицијата и вкусовите на нашиот крај. Благодарност до сите ученици, наставници и родители кои…
Денес учениците од ООУ „Славејко Арсов“ – Подмочани имаа можност да уживаат во убавините на туристичката населба Претор. Излетот беше исполнет со пешачење, одмор во природа, заеднички активности и многу насмевки. Наставниците и учениците заедно го поминаа денот во дружење, физичка активност и откривање на природните убавини на Преспа. Денот…
Екскурзии, посети, излети и активности – учебна 2024/2025 година Во текот на учебната 2024/2025 година, учениците од ООУ „Славејко Арсов“ од с. Подмочани реализираа голем број активности, екскурзии, еднодневни излети и едукативни посети. Преку овие случувања, учениците имаа можност да учат на терен, да се дружат и да развиваат нови…
ГОЛЕМ УСПЕХ НА НАШИТЕ УЧЕНИЦИ! На пролетниот натпревар по англиски јазик Spelling Bee 2025, што се одржа на 4 јуни во Битола, нашите ученици покажаа одлични резултати! 1 место – Зани Реџепи 2 место – Рон Реџепи 3 место – Алдон Шукриу Горди сме на нивниот труд, посветеност и знаење!…
Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21-ви Февруари Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21-ви Февруари,беше одбележан во ООУ “Славејко Арсов” с. Подмочани, Ресен. Да го негуваме мајчиниот јазик – македонски, албански или турски бидејќи јазикот е нашето културно богатство создадено од нашите предци. “Сите сме деца на оваа света планета –…
На 28.02.2025год учениците од IX/1,2 од нашето училиште заедно со наставниците кои предаваат Природни науки, класните реководители и директорот на училиштето Себахат Шемшединовска беа на закажана посета на Собравието на РСМакедонија каде што им беше објаснета целокупната работа и работните простории на вработените на овој Законоваден дом. (Како изгледа еден…
Неделата на борба против срцевосадови заболувања🫀 Неделата на борба против срцевосадови заболувања ја одбележуваме од 21- 28 февруари 2025 година, под мотото: “Здрави животни навики во борба против срцевосадови заболувања”. ❤️ ООЦК Ресен одржа 2 едукативни предавања на оваа тема преку кои се опфатија вкупно 30 ученици и наставен кадар.…
