По повод големиот христијански празник Велигден, учениците од одделенска настава реализираа креативни работилници во кои со голема љубов и ентузијазам изработија прекрасни ракотворби и традиционално ги украсија велигденските јајца.
Преку игра, креативност и заедничка работа, учениците ја почувствуваа радоста и значењето на празникот, негувајќи ги традицијата и вредностите.
Среќни велигденски празници! 
Со голема радост и гордост ве известуваме дека учениците од одделенска настава на македонски наставен јазик учествуваа на Велигденскиот хепенинг кој се одржа на плоштадот во Ресен. 

Тие се претставија со вкусна храна и прекрасни рачни изработки, изработени со многу љубов, креативност и труд.
На хепенингот им се придружија и учениците од 8-2 одделение со нивниот проект „Уредување на училишниот двор“, при што на нивниот штанд беше поставена и донаторска кутија за поддршка на оваа иницијатива.
Благодарност до сите ученици, наставници и посетители кои беа дел од овој убав настан и ја поддржаа нашата работа. 


