По повод 1-ви април – Денот на шегата, учениците од одделенска настава од нашето училиште денеска внесоа многу насмевки и радост! Тие беа маскирани во заедничка, креативна групна маска – „Црвена пиперка“, со што покажаа одлична тимска работа, фантазија и весел дух. Ден исполнет со смеа, игра и убави спомени!…
„И на интернет постојат правила!“ Со учениците од 9-2 одделение, на часот по француски јазик, реализиравме креативни проекти на тема безбедно и одговорно користење на интернетот. Преку истражување, дискусија и изработка на интересни материјали, учениците покажаа дека се свесни за важноста на правилата во дигиталниот свет – како да се…
Со голема радост и креативност, учениците од петто одделение од ПУ с. Горна Бела Црква на часот по македонски јазик за учениците од другите заедници изработија постер посветен на Рамазан Бајрам. Преку оваа активност тие не само што ги развиваа своите јазични и уметнички вештини, туку и учеа за значењето…
Учениците од 7/2, одд во изборниот предмет Енергија и животна средина, заедно со наставничката Амиде Хоџа, реализираа интересен експеримент во училницата, создавајќи мал модел на хидроцентрала. За неговата изработка беа користени едноставни материјали што учениците ги имаа на располагање, како пластично шише и компир кој служеше како турбина. Оваа активност…
Весела пролет и радост во срцата! На 14-ти Март го одбележавме Dita e Verës – празникот на доаѓањето на пролетта, новите почетоци и детската насмевка. Со шарени јајца, цвеќиња и искрена радост, нашите најмлади ни покажуваат колку малку е потребно за вистинска среќа. Нека овој ден ни донесе топлина, љубов…
Еко акција – За почиста и поубава средина! Нашите ученици покажаа дека грижата за природата започнува од секој од нас. Со чистење, уредување и заеднички труд, испративме силна порака – дека сакаме и можеме да живееме во почиста и поубава средина. Голема благодарност до сите ученици, наставници и учесници кои…
Денес учениците од нашето училиште со пригодни активности ги одбележаа 7 Март – Денот на албанскиот учител и 8 Март – Меѓународниот ден на жената. Преку рецитации, пораки и креативни изработки тие изразија благодарност и почит кон наставниците и учителите кои несебично го пренесуваат знаењето, како и кон сите жени…
Денес го одбележуваме Националниот ден на граматиката! Граматиката не е само збир од правила – таа е темелот на убавиот и правилен израз, клучот за јасна комуникација и љубовта кон јазикот. По тој повод, нашите ученици активно учествуваа во забавен и едукативен квиз со граматички прашања. Преку игра, смеа и…
По повод 25 Февруари – Денот „Ајде да се храниме здраво“, учениците од македонските и албанските паралелки од 7., 8. и 9. одделение реализираа проект на тема „Здрава храна – здрав живот“ Во рамки на проектот тие истражуваа, подготвуваа и презентираа содржини поврзани со здравите навики во исхраната. Проектот беше…
Денес беше спроведена едукација за Основите на прва помош, со акцент на реанимација. За време на презентацииите, на учениците и дел од вработени им беа објаснети основните чекори на првата помош, како што се: • Проценка на состојбата на повредениот • Повик до професионална помош • Грижа за повреден •…
